• Партизански Одреди бр. 12 1000 Скопје
  • +38923111225
  • kabinet@mpee.mk

Символ на верата

СИМВОЛ НА ВЕРАТА
Верувам во Единиот Бог Отец, Седржител,Творец на Небото и на земјата,насèвидливоиневидливо;
И во Единиот Господ Исус Христос, Син Божји, Единороден, Кој е роденод Отецот  пред сите векови;
Светлина од Светлината,вистински Бог од Бога вистински; роден, нестворен, едносуштен на Отецот,преку Кого сè станало;
Кој, заради нас луѓето и заради нашето спасение, слезе од Небото и се воплоти од Светиот Дух и Марија Дева и стана човек;
И беше распнат заради нас во времето на Понтиј Пилат, и страдаше, и беше погребен;
И воскресна во третиот ден,според Писмото;
И се вознесе на Небото и седи оддесно на Отецот;

И пак ќе дојде со слава, да им суди на живите и мртвите, и Неговото Царство ќе нема крај;
И во Светиот Дух, Господ, кој живот твори,Кој исходи од  Отецот, на Кого се поклонуваме и Го славиме заедно со Отецот и Синот,и Кој говорел преку пророците;
Во едната, света, соборна и апостолска Црква;
Исповедувам едно крштение,за простување на гревовите;
Го чекам воскресението на мртвите;

И животот во идниот век.  АМИН


ДЕСЕТТЕ БОЖЈИ ЗАПОВЕДИ

1.    Јас сум Господ Бог твој, кој те изведе од Египет, немој да имаш други богови освен Мене.
2.    Не прави идоли или слики; не им се поклонувај и не им служи.
3.    Не го изговарај напразно името на Бога.
4.    Спомнувај си за денот на одморот за да го празнуваш; шест дена работи и сврши ги сите работи, а седмиот ден посвети го на Господа твојот Бог.
5.    Почитувај ги твојот татко и твојата мајка за да ти биде добро и долго да поживееш на земјата.
6.    Не убивај.
7.    Не прави прељуба.
8.    Не кради.
9.    Не сведочи лажно против својот ближен (не лажи).
10.  Не пожелувај ништо што е туѓо.

 

ДВЕТЕ ГЛАВНИ БОЖЈИ ЗАПОВЕДИ

1.    Возљуби го Господа, твојот Бог, со сето свое срце, со сета своја душа, со сета своја сила, со сите свои
помисли. (Лука 10, 27)

2.    Возљуби го својот ближен како себеси. (Матеј 22, 39)