• Партизански Одреди бр. 12 1000 Скопје
  • +38923111225
  • kabinet@mpee.mk

Прослава на јубилеј 25 години Црковна општина св. „Наум Охридски“ Виена - Австрија

На ден 03. 06. 2018 година, Управата на МПЦО „Свети Наум Охридски“ од Виена (Австрија) по повод големиот 25 годишен јубилеј од формирањето на Црковната општина приреди свечен прием со богата и пригодна културно-уметничка програма изведувана од нашиот државен Ансамбл на народни игри и песни Танец од Р. Македонија. 
На свечениот прием, покрај Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, присуствуваа и амбасадорката на Р.Македонија во Виена г-ѓа Василка Попоска Треневска и Директорот на Агенцијата за иселеништво г-дин Никола Шалваринов, како и многуброен македонски народ. 
Агенцијата за Иселеништво на Република Македонија додели Благодарница на Македонската Црковна општина „Свети Наум Охридски“ во Виена-Австрија поради јубилејот 25 години посветеност во негување на Македонската култура, јазик и идентитет.
Во свечената сала по повод овој јубилеј говореа Митрополитот Тетовско-Гостиварски г.Јосиф; Амбасадорката на Р.Македонија во Австрија-Виена г-ѓа Василка Попоска Тренеска; Преседателот на црковната општина Љупчо Домазетовски
 Говорот на Митрополитот г.Јосиф може да се предземе овде....
Нека ни е вековита и од Бога благословена оваа црковна општина! За многу години