• Партизански Одреди бр. 12 1000 Скопје
  • +38923111225
  • kabinet@mpee.mk

Македонската Православна Црква „Свети Наум Охридски“ - Малме

Македонската Православна Црква „Свети Наум Охридски“- Малме / Шведска

По примерот на нашите македонци во Австралија, Америка и Канада, со иницијатива на православните македонци во Малме и околината, на ден 14.01.1973 година во Шведската црква „Св. Јован“ во Малме , во присуство на црковна делегација од Македонската Православна Црква - Република Македонија, предводена од свештеникот Петар Јорданов и г.Доне Илиевски, е формирана правата Македонската Православна Црковна Општина во Европа посветена на „Св.Наум Охридски - Чудотворец“.Таа до денеска ги задоволува потребите на православните македонци во цела Јужна Шведска. Денеска брои околу 4 000 членови –верници.

Прв парохиски свештеник бил Прота-Ставрофор Лазар Петров, потоа доѓа свештеникот Ѓорги Ивановски, и Прота-Ставрофор Боро Станковски.

Во 1985 година од страна на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква за редовен парохиски свештеник е поставе свештеникот Блажо Кожарски.

Се до 1985 година се Богослужеше во позајмени Шведски цркви и простории во Малме исто така и во околните места: Трелеборг, Еслев, Векше, Гиславед, Хелсинборг и др. Во некои од споменатите места, за потребите на верниците сеуште се вршат Богослужби.

Првата Богослужба во денешната црква е отслужена на ВЕЛИГДЕН 17.04.1985 година.

Денешната црква е осветена 03.05.1987 година од страна на Митрополитот Преспанско- Битолски г.Петар тогаш надлежен архиереј за Македонските Православни Црковни Општини во Европа.

Црквата е купена за 618 000 шведски круни. Истата денеска е исплатена. Иконите на иконостасот ги изработи г-ѓа Јулијана Поповска од Скопје - Република Македонија.

Управните Одбори и верниците согледувајќи ја потребада за поголеми простории за делување се одлучи да се најде место на кое во иднина ќе се изгради Македонскта Православна Црква и помошни простории.

Со договор со надлежните во општина Малме се купени 5 000 квм. земја. Местото е платено во готово во 1997 година во изност од 1 365 000 шведски круни.

Во 1998 година Митрополитот Полошко -Кумановски г.Кирил, надлежниот архиереј Митрополитот Европски г.Горазд и тогаш Митрополит Брегалнички а денеска Архиепископ Охридски и Македонски г.г.Стефан го осветија новокупеното местото и се поставивте крст.

На 18.Октомври 2003 година одбележувавме триесетгодишниот јубилеј од постоењето на Македонската Православна Црковна Општина „Св.Наум Охридски“ –Малме, и сите македонски народни и црковни јубилеи што ги одбележувавме во таа година како народ и црква Македонски. На истиот ден се постави камен темелник за градење на нова Македонската Православна Црква во Малме. Камен темелникот во присуство на голем број верници го постави Негово Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стафан, заедно со надлежниот архиереј на Македонската Православна Епархија за Европа Митрополитот г.Горазд, во присуство голем број свештенослужители, верници и гости.

Проектот е на г.Тодор Паскали и г-ѓа Билјана Паскали – Бунташевска од Охрид- Република Македонија. Според проектот треба да се изгради 185 мкв. црква и 320 мкв помошни простории. Надгледувач на градежните работи е г.Håkan Persson Byggombuden i Malmö AB.

Изведувач на првата етапа до плоча на двата објекта е градежната фирма PARAS BYGG AB Еслев.

Плочите на двата објекта се поставени. Со Божја помош и несебично залагање на верницте на Црковната Општина, тоа е сторено без подигање на заем. Досега сето е платено во готово. Во овој период Управниот Одбор на Македонската Православна Црковна Општина „Св.Наум Охридски“ –Малме ,сите свои активности ги насочува кон продолжување на градење на црквата и помошните простории. Во оваа втора етапа (како што ја нарекуваме) ќе мораме да подигнеме и заем од банка за да ја реализираме.

Покрај веќе споменатат активност сметаме дека е место да ги споменеме црковниот хор, кој со своето пеење ги зголемува и разубавува Светите Богослужби. Се планира да се повторно продолжи со одржува и веронаука за деца од 7-14 годишна возраст. Не ја забораваме и грижата за нашите најстари.

Како прва формирана Македонска Православна Црковна Општина во Европа имаме доста помогнато и околу формирањето на останатите Македонски Православни Црковни Општини како во Скандинавските земји исто така и во Европските земји. Со свои престаљвници во 1994 година земавме активно учество и во формирањето на Македонска Православна Епархија за Европа. Покрај соработката со мајката македонска Православна Црква во Република Македонија, нашата Епархија за Европа и Македонските Православни Црковни Оштини во Европа, имаме добра соработака и со шведската црква која и во денешни услови ни отстапува простории за Богослужби во околните места.

Активно учествуваме во афирмирање на Македонската Православна Црква пред надлежните органи во Швдска. Соработуваме на екуменски план и со останатите верски заедници во Малме и пошироко во Шведска.





 


 





Извор: mpc-malmo.org