• Партизански Одреди бр. 12 1000 Скопје
  • +38923111225
  • kabinet@mpee.mk

Европско Годишно Собрание 2018 г.

Во периодот од 11.05.2018 -13.05.2018 г. во Лозана се оддржа редовното годишно собрание на Европската Епархија. 
Активностите започнаа во Европско Годишно Собрание 2018 г. на 11.05 2018 г. кога надзорната комисија изврши увид во работењето и констатираше дека се е во најдобар ред и се се работи прописно и според законите.

Наредниот ден, надлежниот Митрополит на европската епархија г. Пимен во сослужение на Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф и многубројното свештенство од Европската епархија богослужеа света литургија во храмот „Собор на сите Македoнски светители“ во Лозана - Швајцарија.

Истиот ден по литургијата започна и годишното собрание на Европската епархија на кое освен свештенството на епархијата присуствуваа и делегати од секоја црковна општина во епархијата.

Неделата 13.05.2018 г. имаше св.Литургија и после свечениот ручек заврши Собранието.