• Партизански Одреди бр. 12 1000 Скопје
  • +38923111225
  • kabinet@mpee.mk

25 годишниот јубилеј од основањето на МПЦО „Св.Злата Мегленска“ во Загреб и 15 годишен јубилеј редовен парохиски свештеник

По повод 25.годишниот јубилеј од оснивањето на Црковна општина Света Злата Мегленска и 15.годишен јубилеј на Отец Кирко Велински од потпишувањето на договорот со Владата на Република Хрватска и редовен парохиски свештеник во Загреб на 28.10.2018 година по тој повод се отслужи Света Архиерејска литургија на која богослужеше Митрополитот Европски г Пимен, со протоереј-ставрофор Кирко Велински и отец Митко Газинковски од Р Словенија.




По свечената литургија беше прекршен славскиот колач од кумовите и беше приредена трпеза на љубовта во дворот на црквата за сите

присутни.

Утре дента на 29.10.2018 година  во уховна академија по повод 25 годишниот јубилеј во просториите на Трибине Града Загреба, се организираше свечен прием каде воедно и беше промовирана книгата „ОЧЕ НАШ“ за мали и возрасни.



 

Искрена благодарност на иницијаторите за формирање на МПЦО „Св.Злата Мегленска„-Загреб, на членовите, на управните одбори, претседателите, секретарите, благајниците, на свештенослужителите, на архиереите и на сите што на свој начин учествувале и учествуваат во животот на нашата Македонска православна црква во Загреб. Покојните – Бог да ги прости, а на живите -  добро здравје и да продолжат по Богоугодниот и родољубив пат.