• Партизански Одреди бр. 12 1000 Скопје
  • +38923111225
  • kabinet@mpee.mk

Св. пр.Илија – Илинден

Св. пр. Илија - Илинден во „Св. Богородица“ и „Св.Атанасиј“ Лешок

На 02.08.2018 година, Св. пр.Илија – Илинден, Митрополитот Европски г. Пимен на покана на надлежниот архиереј на Тетовско-гостиварската епархија г. Јосиф, чиноначалствуваше Света Златоустова литургија во Лешочкиот манастир, во сослужение на свештеници од Европската и Тетовско-гостиварската епархија. По литургијата се одслужи и панихида во спомен за сите починати за татковината. На литургијата покрај многубројниот народ присуствуваше и директорот на комисијата за верски заедници и религиозни групи г. Даријан Сотироски.

† Начинот на исхрана треба да се усклади со силата и здраствената состојба на телото. Кога е здраво, да се ограничи колку што е потребно; а кога е слабо, малку да му се попушти.
Блажени Диадох Фотикиски (400—474)