• Партизански Одреди бр. 12 1000 Скопје
  • +38923111225
  • kabinet@mpee.mk

Каде е ЉУБОВТА во нас?

Не ни е татко а го сакаме повеќе од татко, не ни е крвна рода а го сакаме повеќе од братот наш, стана дел од многу наши фамилии ...
Ете таков е незлобив и полн со љубов отецот наш.

Ах,бре луѓе ...
Зарем не се плашиме од Бога ?
Или ќе си направиме лажни профили и полесно е да ругаме?
Но и да не се лажни, нели имаме ситe фамилии, деца, родители? 

Омраза, завидување, уценување... секој се смета за попаметен од другиот. Секој наместо добар збор да сподели со пријателите или колегите за братот свој, за жал двојно ќе го оцрни и нажали братот свој озборувајки го со невистини.

Каде е ЉУБОВТА во нас?
Каде исчезна почитувањето и простувањето?

Имаме многу прашања, а имаме и многу одговори но за жал водиме ЗЛОНАМЕРНИ ПРЕГОВОРИ.

Треба да знаете дека: Тој токму Тој на сликата кого го НАВРЕДУВАТЕ пред се ПОСТОЈАНО, СЕГА и СЕКОГАШ не наградува сите нас, преку МОЛИТВАТА од Бога проси за нас МИР, ЉУБОВ и ПРОШКА НА НАШИТЕ ГРЕВОВИ.

Треба да знаете дека: Тој токму Тој овој човек кој што е на сликата додека ние се ГОШТЕВАМЕ секојдневно во разно разни меани Тој посетува сиромашни семејства, домови за деца без родители... донира храна облека, им ги стоплува душите, и постојано му принесува МОЛИТВИ на Бога.

Треба да знаете дека: Тој токму Тој секаде можете да го сретнете и да добиете топла насмевка и искрен збор - ХРАНА ЗА ДУШАТА.

Сите ние сме исти пред Бога, сите ние се раѓаме, овде на земјата се подготвуваме за преминот во вечниот живот, се подготвуваме за достојно да се претставиме пред Бога.

Почитувани, од злото зло ќе добиеме, туку сега да се ПРЕКРСТИМЕ, ПОКАЕМЕ и да се помолиме на Бога да ни прости, и во иднина од нашите СРЦА и УСТИ да излегуваат само убави зборови кои што ќе го стоплат срцето на братот наш а не да го навредат, разгневат и  ожалостат.

Доста со детските работи!
Да не си ја грешиме и гнасиме душата.
Ако сме православни христијани тоа и да бидеме и да останеме до крај.

Оче Пимене светлино тивка, ПРОСТИ и чувајте не во МОЛИТВИТЕ Ваши.

Драги браќа и сестри на нас ни останува на Бога да се молиме!