• Партизански Одреди бр. 12 1000 Скопје
  • +38923111225
  • kabinet@mpee.mk

За епархијата

Европската епархија


Православниот Македонец длабоко во себе ја носел верата и традицијата насекаде па дури и кога ја напуштал родната земја во потрага по подобра егзистенција.

Така нашите први иселеници во Скандинавија понесени од желбата да имаат своја црква се организирале во црковни општини уште во 1973 година.Подоцна нивниот пример ќе го следат и други општини низ Европа.
Но сепак најголемата експанзија на формирање на црковни опшини се случува после референдумската одлука за самостојност на нашата татковина.
Така се раѓа и идејата за формирање на Европска епархија која ќе ја координира работата на сите дотогаш формирани Македонски православни општини на тлото на Европа.


На  04.12.1994 година во Дортмунд Р. Германија по молитвите на Пречистата Владичица наша Богородица а за слава на нашиот Бог Света Троица се формира Европската Епархија како најмлада епархија на МПЦ ОА.
На Црковно-народниот собор во Охрид 1995 г. се потврди оваа одлука а на седницата на САС на МПЦ одржана на 25.08.1995 г. за прв надлежен архиереј е избран митрополитот г. Горазд. Од 2006 година како надлежен архиереј за оваа епархија е поставен митрополитот г. Пимен.

 


Епархијата денес има вкупно 38 црковни општини и е поделена на четири архиерејски намесништва, и тоа:

  • Северноевропско архиерејско намесништво
  • Средноевропско архиерејско намесништво
  • Јужноевропско архиерејско намесништво
  • Западноевропско архиерејско намесништво

† Начинот на исхрана треба да се усклади со силата и здраствената состојба на телото. Кога е здраво, да се ограничи колку што е потребно; а кога е слабо, малку да му се попушти.
Блажени Диадох Фотикиски (400—474)